Дома Фудбал Лига на шампиони Се уште неизвесна состојбата на Салах: Молк на „Енфилд“ по ненадејната повреда (ФОТО)

Се уште неизвесна состојбата на Салах: Молк на „Енфилд“ по ненадејната повреда (ФОТО)

Фудбалерите на Ливерпул славеа против Манчестер Сити со 3:0 во рамки на првиот четвртфинален меч во ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ одиграа фантастично прво полувреме и успеаа да постигнат дури 3 погодци. Мрежата на Едесрон прво ја затресе Салах во 12. минута, а водството на „Црвените“ го зголеми Чембрлејн. Третиот погодок за домашниот тим го постигна Мане по асистенција на Салах.

Сепак, на почетокот на второто полувреме и покрај водството на Ливерпул од 3:0 во 53. минута од мечот завладеа молк на трибините на „Енфилд“ кога Салах побара лекарска помош. Египќанецот се пожали на болка во препоните, а за жал мораше и да го напушти теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Иранец ќе го суди финалето на СП во САД?

Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) сè уште не одлучила кој ќе биде главен судија …