Легендарниот капитен на Рома е во преговори со новите сопственции за враќање во неговата Рома.
Рома во изминатото лето доби нови сопственици, американскиот бизнисмен Дан Фриеднкин и неговиот син Рајан. Новите сопственици одлучија да го вратат стариот сјај на овој славен клуб и постепено се работи на средување на структурите во клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прва голема промена на семејството Фриедкин е враќањето на иконата на Рим, Франческо Тоти. Според информациите на медиумите во Италија, раководствоот на клубот се сретнало со Тоти и му понудиле да превземе некоја од поважните функции.
Барањето на Тоти е да се врати на некоја од оперативните фунции и да има поголемо влијание. Неговата идеја е да седне на позицијата технички директор која е трета по важност во клубот. Истата функција ја извршува Паоло Малдини во Милан.
Ќе потсетиме, Тоти по завршувањето на играчката кариера ја превзема функцијата спортски директор во клубот. Меѓутоа претходните сопственции го држеа на страна во носењето поважни одлуки, па Тоти се реши и во целост да го напушти клубот во кој помина 30 години.