Дома Фудбал Англија Се сеќавате на Џек Родвел? Ја оживува кариерата далеку од Европа

Се сеќавате на Џек Родвел? Ја оживува кариерата далеку од Европа

Aнглискиот фудбалер Џек Родвел е еден од оние кои важеше за големи таленти на англискиот фудбал, но на крајот неговата кариера тргна во друга насока.

Родвел во периодот од 2007 до 2012 година одигра 85 натпревари за Евертон каде што дебитираше на само 17 години. После Евертон следуваше неуспешна епизода во Манчестер Сити, па дојдоа потоа преселби во Сандерленд и Блекбурн,, за во сезоната 2020/2021 одигра само еден меч за Шефилд.

Сега како 30-годишник Родвел се обидува да ја оживее кариерата далеку од Европа, игра во Австралија во Вестерн Сиднеј Вондерс.

„Австралија е како втор дом за мене. Една од омилените држави во светот. Исто така моето семејство многу ја сака Австралија и мило ми е што ќе играм фудбал во оваа преубава земја“, изјави Родвел кога потпишуваше за Сиднеј.

Родвел во кариерата собра 38 настапи за младинските селекции на Англија, а има и три настапи за сениорската репрезентација на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tрансферот на Енцо Фернандез пред комплетирање – Сити ќе потроши 240 милиони евра!

Рокот од 120.000.000 евра кој Манчестер Сити требаше да го исполни одамна помина. Сепак, о…