Дома Фудбал Останато Се сеќавате на Милош Красиќ?

Се сеќавате на Милош Красиќ?

Поранешниот репрезентативец и фудбалер кој блесна една сезона во дресот на Јувентус, а потоа го снема, Милош Красиќ изгледа ја завршува фудбалската кариера.

Красиќ своевремено важеше за еден од најталентираните играчи во европа, кариерата ја започна во Војводина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Војводина во 2004 година преминува во ЦСКА Москва. После одличните настапи за ЦСКА Красиќ си обезбедува трансфер во италијанскиот гигант Јувентус.

Трансферот во Јувентус се случи во 2010 година, во Торино се задржа две години. Епизодата во Јувентус беше врвот на неговата кариера која започна да се движи во надолна линија.

Од Јувентус Красиќ премина во Фенербахче кој го позајми во француската Бастија, турскиот клуб го напушти во 2015 година како слободен играч.
Тогаш потпиша за Легија Гдањск, од кога го напушти овој тим, зимото 2018 година Красиќ е без професионален ангажман.

Изгледа дека неговата кариера е завршена, тоа сега го потврди и самиот Красиќ.

„Мислам дека е завршено. Веќе им се фалам на моите пријатели како сум најмлад пензионер од поранешните репрезентативци на Србија. Ќе видиме што понатаму, никогаш не се знае“, изјави Красиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Викендот кој следи може да биде посебен за Килијан Мбапе

Во викендот кој следи францускиот голгетер, Килијан Мбапе би можел да го одигра својот пос…