Дома Фудбал Англија Се сеќавате на малото момче кое си поигра со Џерард?

Се сеќавате на малото момче кое си поигра со Џерард?

Сигурно се сеќавате на малото детенце кое го изигра Стивен Џерард во тунелот на „Стенфрод Бриџ“ пред почетокот на дербито помеѓу Челзи и Ливерпул.

Петгодишниот Џек во таа 2006 година му пружи рака на Џерард, па си ја собра. Сега 14 години подоцна откри зошто го направил тоа.

„Тато ме натера да го направам тоа. Му кажав дека не сакам да направам такво нешто и тој престана да ми заборува. Но во моментот кога Џерард помина покрај мене си помислив зошто да не? Знаев дека натпреварот се пренесува на ТВ и одлучив само да викнам „Џерард“ за да се сврти. Се сеќавам дека Макелеле и Есиен се насемаа, а Џон Тери подоцна ме искара“, изјави Џек за медиумите во Англија.

Денес тој се обидува да изгради фудбалски кариера и игра за нисколигашот Норт Гринфорд Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историска ноќ: Држава со помалку од 100.000 жители ќе има претставник во Конференциската лига

Историска ноќ за андорскиот фудбал се случи во четвртокот, кога Интер Ескалдес го обезбеди…