Дома Останати Кошарка НБА Се распаѓа супер тимот на Нетси – Дурант и Ирвинг пред заминување!

Се распаѓа супер тимот на Нетси – Дурант и Ирвинг пред заминување!

Тимот на Бруклин Нетс е подготвена да се откаже од најголемите ѕвезди на тимот Кајри Ирвинг и Кевин Дурент во текот на ова лето.

Проектот во Бруклин не успеа. Донесоа се што можеше да се донесе почнувајќи од Кевин Дурант, Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, па се до Блејк Грифин…Сепак и тоа не го гарантираше успехот на Нетси па сега полека се насочуваат кон други опции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако Демијан Лилард ги започна шпекулациите за големи промени во Бруклин со објавувањето на фотографија од Дурант во дресот на Трејлблејзерс на социјалните мрежи, тогаш тоа го продолжи најпознатиот НБА инсајдер, Адријан Војнаровски.

Освен што Нетси се подготвени да се откажат од Дурент во случај на позитивен трејд за нив, сакаат да се ослободат и од Кајри Ирвинг, кој исто така има желба за заминување.

Засега само Лејкерси се заинтересирани да го потпишат според системот „sign and trade“, односно под назнака дека Ирвинг ќе потпише нов договор, а потоа ќе биде трејдуван во Лос Анџелес.

Она што е интересно, а поврзано со Ирвинг, е фактот дека од можни 229 натпревари за Нетс одигра само 103. Повеќето од 126 натпревари тој отсуствуваше поради одбивање да се вакцинира минатата сезона и тоа е еден од пресудни причини за неговото незадоволство и заедничка желба за разделба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…