Дома Фудбал Италија Се разделија Јуве и Алегри – еве што си кажаа на последната конференција

Се разделија Јуве и Алегри – еве што си кажаа на последната конференција

Денес беше одржана заедничка конференција во која Масимилијано Алегри и Јувентус се разделија.

Масимилијано Алегри и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели одржаа конференција за медиумите, а првиот човек на Јувентус не кажа ништо за наследникот на човекот кој пет години го водеше Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Макс веќе ви кажа ќе имаме тренер за наредната сезона“, започна Ањели.

„Се сеќавате кога Алегри не превзема на половина јули и не одведе до титулата во Серија А и финалето во Лигата на шампионите. Ова беа фантастични пет години, лично сум пријател, соседи сме. Тука е и Брзаљи, ние тројца често пати доручкувавме заедно, гледавме како децата ни растат…Минатата година многумина не отпишаа, но сепак ние на крајот пак ја освоивме титулата. Макс никогаш не престана да верува. Нашите цели не се менуваат, но за тоа ќе зборуваме од јули, сега славиме во чест на Алегри“, изјави Ањели.

Потоа додаде дека ја има довербата од Недвед и Партичи.

„Оваа одлука беше донесена после долги разговори и недели размислување, ова е договор на паметни луѓе кои знаат кога е време за крај. Алегри беше тренер каков што јас сакам. Никој не е незаменлив, почнувајќи од мене, па до сите во тимот. Клубот секогаш е на прво место и ова е одлука припаѓа на него. Тешко беше да биде донесена, а само времето ќе покаже дали е исправна“, изјави Ањели.

Потоа зборуваше Алегри.

„Оставам добар тим со потенцијал да дојде до нова титула и да ја нападне Лигата на шампионите. Зборувавме што е најдобро за Јуве, клубот направи избор. Мојот однос со сите останува одличен. Она што се пишуваше дека ја сум барал да заминат пет играчи не е вистина и толку имам да кажам за тоа. Најдобро е да не продолжиме заедно, имавме два состаноци и не се договоривме. Ањели како прв човек донесе одлука. Но, јас се уште сум тренер на Јувентус утре е време за прослава, а заминува и големиот Брзаљи“, порача Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…