Дома Фудбал Лига на шампиони Се предлага нов систем на Лигата на шампиони и Лига Европа

Се предлага нов систем на Лигата на шампиони и Лига Европа

Во пресрет на ждрепката со која ќе бидат одредени групите во Лигата на шампионите, Асоцијацијата на европските клубови (ЕЦА) предлага промена на форматот на ова натпреварување од 2024 година.

Во групната фаза треба да учествуваат 32 тима, а тие би биле поделени во четири групи по осум екипи. Од таму четири најдобри ќе се пласираат во нокаут-фаза, а петтиот ќе има сигурно учество во Лигата на шампиони следната сезона, додека шестопласираниот и седмопласираниот ќе играат за опстанок во елитното натпреварување. 


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Со овој формат гледачите ќе можат да гледаат многу повеќе натпревари, а тоа значи и поголема заработка за вклучените страни. Дури 21 меч би бил потребен за освојување на најелитното фудбалско натпреварување. Ваквиот систем би донел дополнителни приходи од телевизиските права, но исто така играчите би биле изложени на дополнителни напори.

Промени се предложени и за Лига Европа. И таму би се натпреварувале 32 тима, поделени во четири групи, но пласмна во Топ 16 би избориле само победниците на групите, а таму би им се придружиле и тие што ќе испаднат од Лигата на шампионите.

Тимовите што ќе завршат на позициите два и три во фазата по групи во Лига Европа би разигрувале за пополнување на Топ 16 фазата.

Интересен е предлогот четвртфиналистите во Лига Европа да имаат обезбедено место во наредното издание, додека полу-финалистите би добиле место во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Астон Вила го награди Емери со нов договор

Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со Астон Вила како награда за  добрите резултат…