Дома Фудбал Останато Се појави човек кој смета дека Меси е – просечен играч!? (ВИДЕО)

Се појави човек кој смета дека Меси е – просечен играч!? (ВИДЕО)

Суперѕвездата на Барселона Лионел Меси според многумина е најдобриот фудбалер во светот, некои сигурно ќе кажат и на сите времиња, а во изминатите 14 години и тоа како има голема улога во доминацијата на својата екипа во европскиот фудбал.

Во псоледниот натпревар во Лигата на шампионите Меси одигра уште еден одличен настап и ја одведе Барселона до победа против Лион од 5:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси во дресот на Барселона постигна многу голови и освои се што може да се освои, но и покрај тоа се уште има такви кои сметаат дека Аргентинецот не е така добар како што се претставува.

Канадскиот спортски аналитичар Сид Сехеиро отиде толку далеку што во еден момент го нарече Меси просечен фудбалер.

Исто така „констатираше“ дека Меси го „воздигнале“ неговите поранешни соиграчи Андрес Иниеста и Чави.
Зборувајќи во ТВ емисијата тој порача:

„Меси освои се што можеше да се освои со Барселона. Кога почна во Барселона, на 13 години? Освои се“.

Меѓутоа потоа продолжи со контроверзни изјави.

„Вака, знаете каков е всушност Меси. Кога ги правеа најдобрите работи тука беа Меси, Чави, Иниеста, Давид Виља. Тоа беше екипа…Кога во од 2008 година се разделија и секој тргна по свој пат на големите репрезентативни натпреварувања Чави, Иниеста и Виља, Шпанците од Барселона ги освојуваа сите турнири. Европското во 2008, Светското првенство 2010 и Европското 2012 година“.

„Кога Меси излегува на теренот без таа основа е просечен. Видовме што направи на Светските првенства. Сега веќе 675 минути не постигнал гол на Светско првенство бидејќи таму ги нема Чави, Иниеста, Давид Виља…“.

Потоа Сехеиро го спореди со Роналдо.

„Најдобриот играч кој сум го гледал кој може да игра со било кој е Кристиано Роналдо. Роналдо играше со Мајкл Керик и Дарен Флечер кои беа ужасни“, порача Сехеиро, па објасни:

„Само се обидувам да го докажам моето гледиште. Роналдо ги немаше Чави и Иниеста…“.

Меѓутоа оваа изјава на Сехеиро баш и не „држи вода“ затоа што Меси продолжи да игра на високо ниво во Барселона и од кога во клубот ги нема Чави и Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…