Селекторот на Камерун Ригоберт Сонг беше принуден да го исфрли голманот Андре Онана од составот пред мечот со Србија на Светското првенство во Катар.
Сега се појави и видео снимка на која се гледа како стратегот му ја објаснува целата ситуација на својот постар брат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го побарав Онана еден ден пред мечот, а тој не дојде да се видиме. На тренинзите работи сам, индивидуално. На мечевите многу ризикува. Го замолив да престане толку да ризикува, а тој ми одговори дека не сака со мене да зборува за тоа. Му реков „Зборувам со Абубакар, со Чупо-Мотинг, со Замбо… Кој си ти за да не можам да зборувам со тебе?“, објаснува селекторот Сонг.
🇨🇲 Cameroon coach Rigobert Song has released a statement on a video he was secretly filmed talking about André Onana during the World Cup. According to the clip, Onana did not listen to him and did not want to know what he had to say to him #FIFAWorldCup pic.twitter.com/XSprDyuwRj
— Eric Njiru (@EricNjiiru) December 8, 2022