Дома Фудбал Останато Се појави и контроверзната снимка: Серхио Рамос повикан на допинг тестирање во тунелот… (ВИДЕО)

Се појави и контроверзната снимка: Серхио Рамос повикан на допинг тестирање во тунелот… (ВИДЕО)

Серхио Рамос се најде во центарот на скандалот откако вчера беше објавено дека паднал на допинг тест по финалето во Лигата на шампионите 2017. година, но дека сето тоа било договорено да се сокрие.

Фудбал Ликс објави вчера дека има информации дека Рамос паднал на допинг тест по мечот со Јувентус кој Реал го доби со 4:1, но дека УЕФА тоа го сокрила. Реал ги отфрли сите обвиненија и застана покрај Рамос, додека утринава истото го стори УЕФА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мадриски АС дури пронајде снимка од спорниот момент кога Рамос добил повик да оди на допинг контрола. Тој на членот на агенцијата за допинг му рекол дека кратко ќе оди до соблекувалната по мобилниот и дека веднаш ќе се врати што јасно се гледа на видеото.

Како што се наведува, Рамос по тој меч бил позитивен на дексаметазон, синтетски кортикостроид, кој се користи за да ги ублажи болките, но е забранет за користење за професионалните спортисти. Сепак, Фудбал Ликс наведува дека некој со цел сето ова го сокрил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …