Дома Фудбал Италија Се појавија нови детали за скандалот во Наполи: Алан ќе се степал со синот на Де Лаурентис!

Се појавија нови детали за скандалот во Наполи: Алан ќе се степал со синот на Де Лаурентис!

Во тимот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас во овие моменти владее голема криза.

Првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис после натпреварот кој Наполи го изгуби од Рома со 2:1 нареди фудбалерите да одат во седумдневен карантин. Меѓутоа после ремито со Салзбург во Лигата на шампионите сите играчи на Наполи место да се вратат во карантинот се упатиле во своите домови, истото го направиле и кога наредниот ден се појавија на тренингот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој скандал деновиве е главна тема во Италија и констатно се појавува нешто ново. После веста дека Мертенс и Каљехон се на излезни врати и дека тие двајца се казнети со по 25.000 евра, а останатите со по 5.000 сега се појавуваат нови информации.

Наводно атмосферата толку билна напната што можело да дојде до физичка пресметка.

Медиумите пишуваат дека откако Инсиње му порачал на Едо Де Лаурентис (синот на претседателот) да му пренесе на неговиот татко дека ќе си одат дома, а не во карантин започнала жестока расправија.

Навредливи зборови летале на сите страни, а оние играчи кои успеале да бидат повеќе смирени спречиле и физичка пресметка.

На Апенините се најавува и дека со овој скандал многу веројатно завршува и авантурата на Анчелоти кој ќе остане до крајот на сезоната само затоа што Де Лаурентис не сака да му плати шест милиони евра за предвремено раскинување на договорот.

Останува да видиме и што ќе донесе оваа ситуација за нашиот Елмас кој засега сезонава и покрај големите пофалби не добива премногу простор за игра кај Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…