Флорентино Перез е на чело на Реал Мадрид од 2009-та година и успешно го води клубот веќе 14 години, а во последните 24 часа се појавија информации кои најавуваа негово можно заминување.
Дел од шпанските медиуми пишуваа дека Перез е блиску да соопшти дека се повлекува од Реал Мадрид. Но, таквите гласини беа брзо демантирани откако „кралевите“ објави официјално соопштение со кои потврдија дека Перез нема такви немари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Поради гласините кои се појавија на социјалните мрежи за можно повлекување на претседателот Флорентино Перез, Реал Мадрид се јавува со следниот став: Тоа се целосно лажни гласини кои имаат лоши намери и кои немаат ништо заедничко со реалноста“, објави гигнатот од Мадрид.
Исто така се демантира и промена на името на тренинг центарот.
„Освен тоа на Генерално собрание кое ќе го има Реал Мадрид, во ниту еден момент нема да се отвори дебата за менување на името на тренинг центарот“, стои во соопштението.
Comunicado Oficial.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 5, 2023