Дома Фудбал Репрезентации Се појавиле нови докази: Една репрезентација може да биде исфрлена од Светското првенство!

Се појавиле нови докази: Една репрезентација може да биде исфрлена од Светското првенство!

Нема уште многу, до почетокот на Светското првенство остануваат уште нешто повеќе од два месеци. Иако има многу малку сега се зборува за можно исфрлање на една земја од најголемиот светски турнир.

Британскиот „Дејли мејл“ наводно поседува документи и аудио снимки од 2018 година кои потврдуваат дека Бајрон Кастилјо е роден во Колумбија и дека добил нов идентитет за да настапува за Еквадор. Тој според нивните тврдења признал дека фалсификувал документи во договорот со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Еквадор. Поради тоа оваа земја може да биде исфрлена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потврдено било дека е роден во 1995 година во Колумбија, а не во 1998 година во Еквадор. Во целиот процес на промена на документите му помогнал, Марко Замбрано, влијателна личност во Еквадор и сопственик на фудбалски клуб.

Во аудио разговорот се слуша како Кастиљо потврдува дека Замбрано му помага околу целата документација. Останува да се види дали ФИФА ќе превземе нешто или ќе ги игнорира овие нови докази.

Еквадор на Светското првенство треба да игра во група со Холандија, Сенегал и домаќинот Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…