Дома Фудбал Лига на шампиони Се потврдија најавите: Во Лигата на шампионите се воведуваат големи промени!

Се потврдија најавите: Во Лигата на шампионите се воведуваат големи промени!

Извршниот комитет на УЕФА денес го утврди новиот формат на Лигата на шампионите. Форматот ќе стартува во сезоната 2024/2025.

Денес само се потврдија најавените промени за групната фаза во која секоја екипа ќе игра по осум натпревари во иста група, односно во т.н „швајцарски систем“. Бројот не екипи учесници во најелитното европско натпреварување ќе се зголеми од 32 на 36.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најголемите новитети е што во Лигата на шампионите ќе има место за две екипи според клупскиот коефициент, односно екипите со најдобар коефициент ќе играат во Лигата на шампионите иако не успеале пласманот да го обезбедат преку домашното првенство.

Секоја екипа во групната фаза ќе игра четири натпревари дома и четири на гости, осумте најдобро пласирани екипи ќе се одат во нокаут фазата, а екипите од 9. до 24. позиција ќе играат плеј-оф за место во осминафиналето. Исто така по 36 екипи ќе учествуваат и во Лигата на Европа и во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…