Дома Фудбал Останато Се подготвува ремонт во ПСЖ: Тренерот и легендата на клубот заминуваат, ова се нивните замени (ВИДЕО)

Се подготвува ремонт во ПСЖ: Тренерот и легендата на клубот заминуваат, ова се нивните замени (ВИДЕО)

По големото разочарување и испаѓање во осминафиналето во ЛШ, челниците на ПСЖ прават нови планови за новата сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот Унаи Емери речиси сигурно е дека заминува од клубот, а француските медиуми тврдат дека би требало да биде заманет од Луис Енрике кој без работа е од минатата година кога го напушти „Камп Ноу“.

Исто така, во ПСЖ повеќе не сметаат на 35-годишниот играч за врска, Тиаго Мота, клупската легенда која од 2012. година одигра повеќе од 200 натпревари за парискиот клуб.

Прв на листата желби е Н’Голо Канте од Челзи, како и Фабињо од Монако.

Од парискиот клуб би требало да замине и Лајвин Курзава, а него би можел да го замени одличниот Бразилец од Јувентус, Алекс Сандро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Конате е сигурен за Реал Мадрид, убедени се во шпанската престолнина

Се очекува Ибрахима Конате, да пристигне во Реал Мадрид како слободен агент, повторно изве…