Дома Фудбал Лига на шампиони Се подготвуваат радикални промени во Лигата на шампионите!

Се подготвуваат радикални промени во Лигата на шампионите!

Лигата на шампионите би можела да претрпи големи промени со оглед на тоа дека клубовите работат на тоа натпреварувањето да се прошири.

УЕФА се соочува со притисок да се воведат промени, додека водечките европски клубови сакаат да обезбедат место во натпреварувањето.
Сега е поднесен предлог за проширување од 32 на 40 или 48 тимови, наведува „Тајмс“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тој план бил алтернатива и го предложил претседателот на Јувентус и европската фудбалска асоцијација, Андреа Ањели.

Ањели сакал да ја заштити структурата на натпреварувањето од 32 тима, но да се воведе промоција или испаѓање и 24 клуба од 32 да ја задржуваат својата позоција за следната сезона без оглед на тоа дали се квалификувале преку својата лига или не.

Клубовите од најсилните европски лиги го отфрлија предлогот за „европска супер лига“ каде што ќе има тимови со загарантирани места.

Меѓутоа се уште постои голема шанса за промени, а УЕФА наскоро ќе разговара за проширување.

Форматот со 40 или 48 тимови би ги фаворизирал не само најбогатите клубови во Европа, туку и традиционалните како што се Ајакс и Селтик кои во овој момент не се квалификувани во групната фаза од Лигата на шампионите преку своите домашни првенства.

Најновниот предлог ќе биде разгледан на самитот на УЕФА на 11-ти септември. Очекувањата се ако има промени тие да стапат на сила од 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…