Дома Фудбал Останато Се планира прекин на натпреварот Косово – Хрватска!

Се планира прекин на натпреварот Косово – Хрватска!

Навивачите на сплитски Хајдук планираат да го прекинат квалификацискиот натпревар меѓу Косово и Хрватска, кој в четврток ќе се одигра во Скадар, Албанија.

Навивачката група „Торцида“ подготвува акција, со која ќе го прекине натпреварот Косово-Хрватска, потврди комесарот за безбедност при Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Мирослав Марковиќ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Тоа не се гласини или шпекулации, туку информации кои со оперативна работа ги собираме од сите страни. Кога тие од повеќе места ќе бидат потврдени тогаш ние го информираме организаторот. Не сакаме да излегуваме во јавноста со повеќе детали, за да не ја попречиме работата на полицијата, но доколку секој го одработи онака како што треба својот дел, тогаш нема да има никакви проблеми“, изјави Марковиќ.

Тој дополни дека за безбедноста ќе се грижат албанската и косовската полиција и дека верува дека инцидентите ќе бидат сведени на минимум.

„Постои информација дека се планираат инциденти, но јас не можам да кажам колку е сериозна. Имаме добра соработка со полицијата“, порача Марковиќ.

Навивачите од Сплит еднаш веќе успеаја да прекинат меч на Хрватска. На Европското првенство во Франција, тие на неколку минути предизвикаа прекин на натпреварот Хрватска-Чешка (2-2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…