Дома Останати Кошарка НБА Се пензионираше човекот кој го даде еден од најлудите кошеви во историјата на НБА (ВИДЕО)

Се пензионираше човекот кој го даде еден од најлудите кошеви во историјата на НБА (ВИДЕО)

Teшко дека некој ќе го повтори она што Тревор Букер го направи пред неколку години.

Тревор Букер нема да го паметиме по освоен шампионски прстен во НБА лигата, иако имаше пристојна кариера, како ни по индивидуалниот учинок, туку по еден луд кош.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пристигна во НБА летото 2010 година, Минесота го избра од 23. Место на драфтот, но веднаш го проследи во Вашингтон Визардс. Играше кратко во Израел, а потоа се врати во НБА каде што покрај Вашингтон настапуваше уште за Јута, Бруклин, Филаделфија и Индијана, за пред две години да отиде во Кина.

Во текот на осумте сезони во НБА лигата во просек постигнуваше 6.9 поени, 5.5 скокови, одигра 532 натпревари во регуларниот дел од сезоната и уште 16 во плеј-офот.

Сега на 32 години одлучи да стави крај на неговата кариера. Родениот брат на центарот на Химки Девин Букер ќе го паметиме по тоа што во дресот на Јута го постигна еден од најлудите кошеви во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…