Дома Останати Тенис Се пензионираше еден од ретките тенисери со позитивен скор против Ѓоковиќ: АТП еден меч и не ми признава…

Се пензионираше еден од ретките тенисери со позитивен скор против Ѓоковиќ: АТП еден меч и не ми признава…

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ не успеа да стане еден од најдобрите, но денес кога ја завршува кариерата на 44-годишна возраст има на што да биде горд.

Карловиќ официјално денес објави дека повеќе нема да игра професионален тенис, меѓутоа уште од 2021 година не одиграл ниту еден меч. Последен пат настпаи на турнирот на Индијан Велс каде што беше поразен од Емилијано Гомез.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Она што е уникатно во неговата кариера е што е еден од ретките кои можат да се пофалат со позитивен скор со еден од најдобрите на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Карловиќ одиграа три натпревари. Првпат во 2008 година во Мадрид каде што победи Хрватот, а потоа славеше и во Доха во 2015 година.

„Со Ѓоковиќ имам скор 3:1. Го победив и во квалификациите за турнирот во Мадрид во 2005 година, меѓутоа АТП тој меч не го признава. Од време на време знам да го потсетам на тој факт“, изјави Карловиќ.

Ќе се памети Карловиќ и како еден од тенисерите со најсилни сервиси, а за тоа му помагаше и неговата висина од два метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …