Дома Фудбал Се очекува Примера да продолжи од 2-ри мај

Се очекува Примера да продолжи од 2-ри мај

Европските фудбалски федерации се во исчекување на конечната одлука на УЕФА после денешната видеоконференција.

Веќе е јасно дека Европското првенство ќе биде одложени за јуни 2021 година, а тоа ќе им даде шанса на националните првенства да се доиграат во текот на јуни и до средината на јули.

Според шпанскиот весник „АС“ челните луѓе на Ла Лига очекуваат првенството да продолжи од 2-ри мај (сабота) и тоа без публика.

Ќе биде направена програма за останатите 11 кола, така што ќе се игра и среде недела. Според тој план првенството се очекува да заврши во јуни.

Сигурно дека клубовите ќе прикажат големи загуби поради играњето без публика, но главна цел е да се заврши регуларно првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…