Расправијата помеѓу Нејмар и Едисон Кавани сеуште е главна тема, а во медиумите излегуваат детали од расправата помеѓу двете ѕвезди на кубот од Париз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Уругвајскиот напаѓач и лидер на ПСЖ не му дозволи на најскапиот фудбалер во историјата да го изведе пеналот. Нејмар потоа наводно побарал од управата на клубот да го продаде Кавани.
Конфликтот продолжил во соблекувалната каде што Кавани, според пишувањрто на „Ел Паис“ беснеел кон Нејмар и го запрашал дали се замислува дека е Лионел Меси. Наводно соиграчите спречиле физички конткат помеѓу двете најголеми ѕвезди на тимот.
ПСЖ подоцна се обиде конфликтот да го реши со тоа што на Кавани му понуди еден милион евра, за изведувањето на пенали да му го препушти на Нејмар, но Ургуваецот таквата понуда ја одби.