Дома Македонски спорт Се огласи тренерот на Леванте: Барди се повредил после еден шут на тренинг

Се огласи тренерот на Леванте: Барди се повредил после еден шут на тренинг

Вчера од Леванте потврдија дека Енис Барди заработил повреда поради која ќе мора да паузира три недели.

Барди го повредил бутниот мускул на тренингот на Леванте. Ова освен за шпанскиот клуб е и тоа како лоша вест за нашата репрезентација. Македонија на 10-ти октомври ќе игра тука против Словенија, додека три дена подоцна ќе гостуваме во Полска и селекторот Ангеловски не ќе може да смета на Барди за овие два важни натпревари од квалификациите.

Денес тренерот на Барди, Пако Лопез зборуваше за повредата на Барди.

„Сите знаат колку Барди е важен за нашиот тим. Многу ми е важно да го имам во составот. Навистина е штета што ќе го немаме одреден период. Се повреди вчера на последниот тренинг, после еден шут. Почуствува болка и после прегледите се покажа дека ќе мора да паузира“, изјави стратегот на шпанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пјаниќ открива како Алегри го измамил Роналдо за слободен удар

Миралем Пјаниќ открива како Масимилијано Алегри го измамил Кристијано Роналдо за да изведе…