Искусниот шпански напаѓач Фернандо Торес (34) на крајот од сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид.
Кон крајот на 2014 година, Торес се врати во Атлетико Мадрид, каде што беше позајмен, а потоа „јорганџиите“ го откупија неговиот договор. Шпанецот за Атлетико вкупно одигра повеќе од 320 натпревари, но изгледа дека дојде времето за разделба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Торес неодамна наполни 34 години и на лето има намера да ја промени средината, иако се уште нема најави која би била неговата следна дестинација.
„Одлуката не беше едноставна. Иако кога се ќе се собере, така е најдобро. Чуствував потреба ги известам навивачите за моето заминување на крајот од сезоната. Убавите работи имаат почеток и крај и изгледа дека дојде време за разделба“, изјави Торес.
Шпанецот истакна и дека имал желба да остане до крајот на кариерата во Атлетико, меѓутоа порача дека работите некогаш не се одвиваат онака како што сакаме.