Дома Фудбал Останато Се огласи претседателот на ПСЖ: Остануваат сите ѕвезди на чело со Нејмар, за Буфон нема да откријам…

Се огласи претседателот на ПСЖ: Остануваат сите ѕвезди на чело со Нејмар, за Буфон нема да откријам…

Шпанците велат „пристигнува“, Французите „никако“. Така е со месеци. Фудбалски пинг-понг на релација Мадрид – Париз изгледа дека му здодеа и на Насер Ал Келаифи, па претседателот на ПСЖ јасно стави до знаење дека од трансферот на Нејмар во Реал нема ништо.

Барем не ова лето, иако неговиот колега во актуелниот европски шампион,Флорентино Перез, го сака Бразилецот како дел од проектот „Галактикоси 3.0“. Но, ќе мора да почека.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар е уморен од гласините кои се шират за неговата иднина. Шпанските медиуми форсираат приказна за преминувањето во Реал. Какви пораки пристигнувале од Мадрид, Бразилецот останува. Таткото на Нејмар ми кажа дека иднината на неговиот син е во Париз“, уверува Насер Ал Келаифи во интервју за „Л’Екип“.

Сопственикот на клубот од „Паркот на принцовите“ можеби ниту самиот не е сигурен во своите изјави, па во следните неколку реченици стави до знаење дека Нејмар не може да издејствува враќање во Примера, како што тоа го направи изминатото лето кога пристигна од Барселона.

Келаифи е убеден дека големата ѕвезда, Едисон Кавани, останува во шампионскиот тим.

„Нема да замине. Му останаа уште две години од договорот. Одличен играч е, голем борец, најдобар стрелец на клубот во историјата. Сигурно останува“.

А, потоа и за иднината на Адријан Рабио.

„Рабио останува. Сигурен сум во тоа. Нема намера да не напушти. Би се изненадил ако го повлече таквиот чекор. Не мислам дека нешто такво воопшто му паѓа на памет. Разочаран сум што го нема на списокот на Мундијалот, бидејќи го сакам како син“.

Претседателот на ПСЖ се осврна и на информациите дека клубот му понудил договор на Џанлуиџи Буфон, кој се прости од Јувентус.

„Фантастичен голман. Харизматичен. Голем џентлмен. Туку, навистина ли мислите дека ќе ви кажеме кои играчи планираме да ги донесеме?“

На самиот крај истакна и што се случува со истрагата на УЕФА по повод прекршување на финансискиот фер-плеј? Од Нион е најавена санкција…

„Не направивме ништо лошо. Ако УЕФА не казни, тоа ќе биде скандалозна одлука. Вистинска аномалија“, додаде Насер Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …