Еден од потзите на колото во петтото коло од Лигата на шампионите беше виден во Лондон во натпреварот помеѓу Тотенхем и Олимпијакос.
Младиот собирач на топки во финишот на првото полувреме брзо реагираше и ја додаде топката до играчите на Тотенхем, а после неколку секунди следуваше големо славје.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот тимот на Жозе Мурињо победи, а Португалецот после оваа акција пријде и му честиташе на момчето кое изреагира на одличен начин.
Мурињо и јавно го пофали после натпреварот.
„Сакам интелигентни деца кои се задолжени за собирање топки, таков бев јас. Бев одличен во тоа како и ова момче. Добро ја разбира играта и направи важна асистенција“, изјави Мурињо.
Сега се огласи и самото момче кое се вика Калум.
„Малку се е смешно. Само ја работев својата работа и се уште не можам да верувам што се случи. Не го видов голот затоа што зимав друга топка и тогаш го слушнав славјето. Се свртев и видов дека Хари слави. Погледнав на екранот и тогаш видов што се случи. Од мојата насмевка можете да заклучите дека се беше неверојатно. Жозе не мораше тоа да го направи, но навистина беше убаво од него што ми пријде. Ми го разубави денот и животот, никогаш нема да го заборавам тој момент“, изјави Калум.
Jose Mourinho ? ball boy #COYS pic.twitter.com/iXad4gh5DZ
— Talking THFC (@TalkingTHFC) November 26, 2019