Дома Фудбал Се огласи лекарскиот тим на Каталонците: Валверде има среќа, па нема да има дефицит долго

Се огласи лекарскиот тим на Каталонците: Валверде има среќа, па нема да има дефицит долго

Иако денес е најавено дека е под знак прашалник за мечот со Челзи, Џерар Пике не е сериозно повреден и за неколку дена повторно ќе биде со тимот.

Порано денес првобитно се појави информација дека стоперот би можел да паузира и повеќе од две недели, деталните прегледи покажаа дека не е толку страшно и дека ќе биде на располагање до крајот на неделата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Каталонските медиуми дури пренесуваат дека тој инсистира да игра во четврток против Валенсија на „Местаља“ во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралевите, но лекарите сепак предложија да одмори до викендот.

Тоа значи дека Пике би требало да биде подготвен за средбата со Гетафе закажана за в недела.

Се очекува новото засилување Мина да го замени Пике на „Местаља“, а Умтити во недела, бидејќи Французинот ја одработува суспензијата поради петте жолти картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше нат…