Дома Фудбал Англија Се огласи Куман, но ја загуби контролата: Пишете што сакате…

Се огласи Куман, но ја загуби контролата: Пишете што сакате…

Евертон доживеа дебакл на „Гудисон“ против Арсенал, а тренерот на Карамелите, Роналд Куман призна дека не знае каква му е иднината на таа функција.

Денешниот пораз од свечената ложа го следеше сопственикот на Евертон, Фархад Мошири и секако незадоволен го напушти стадионот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Зборував со играчите, сите се разочарани. Секако, има до тоа како гледате на ситуацијата. Ако сте негативни, тогаш веројатно не го гледате решението, но јас не сум таков. И нормално е сега да се пласираат разни гласини и информации“, истакна Куман за новинарите по мечот со Арсенал.

Главниот проблем по неговите зборови е самодовербата.

„Екипата игра под очекувањата и јасно е дека екипата психички стои лошо. Недостасува самодоверба и тоа мора да се промени. И натаму верувам дека тоа можам да го променам. Но, знам како функционираат работите во фудбалот“.

Куман истакна дека нема проблеми во комуникацијата со управата.

„Не знам дали наскоро ќе разговарам со Фархад. Иако, секогаш по натпреварот имам комуникација со управата. Така ќе биде и вечерва. Исто беше кога славевме против Манчестер Сити со 4:0“.

На прашањето дали гледа нешто позитивно во поразот од Арсенал, Куман истакна:

„Не можам да зборувам за позитивните работи по пораз од 5:2. На крајот, пишете што сакате“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…