Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Се огласи Де Геа, после катастрофалната грешка против Португалија

Се огласи Де Геа, после катастрофалната грешка против Португалија

Репрезентацијата на Шпанија синоќа во фантастичен натпревар ремизираше против Португалија во натпревар од првото коло во групната фаза на СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Црвената фурија успеа во два наврати да стигне до водство против Португалците. Сепак, во самиот финиш на натпреварот на сцена стапи Кристијано Роналдо кој со својот трет погодок на натпреварот ги постави конечните 3:3.

Веројатно најслабата алка на Шпанија беше голманот Давид Де Геа, кој имаше голема грешка пред крајот на првиот дел. При вториот гол на Роналдо голманот на Шпанија направи неверојатна грешка која ја искористи Роналдо за 2:1.

По натпреварот Де Геа се огласи преку социјалните мрежи со интересна порака. Голманот на Црвената фурија сака да порача дека оваа грешка не го толку загрижила и дека ќе се поправи во текот на ова натпреварување.

„Да научиш да успееш прво мора да научиш да не успееш. Ние не се предаваме и идеме понатаму.“ – порача Де Геа на својата Фејсбук страница.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Легендарниот Ноер собори неколку рекорди

Легендарниот чувар на мрежата на Баерн Минхен и Германија Мануел Ноер повторно забележа ни…