Дома Фудбал Италија Се огласи Бакајоко: Само повторив тоа што кажа тренерот, сакав да играм

Се огласи Бакајоко: Само повторив тоа што кажа тренерот, сакав да играм

Mногу во Милан крена вчерашната постапка на Бакајоко.

Вчера против Болоња, Бакајоко го одби повикот од Гатузо да се загрева за да влезе во игра на местото на Лукас Биља.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина овој потег ги потести на Кепа Аризабалага и Маурицио Сари, само што ситуацијата беше спротивна, Кепа не сакаше да излезе.

Гатузо својот став го изнесе на конференцијата за медиуми после натпреварот.

„Играчите можат да ми кажат било што, но најважно е да не им недостига почит кон соиграчите и атмосферата во соблекувалната. Во овој момент имаме други приоритети. Ќе видиме на крајот од сезоната, како школски извештај, кој се однесувал добро, а кој лошо. Секој може да ме навредува од страна, но ќе се сретнеме во четири ѕида и ќе ме гледа во очи“.

„Сакам ова да го средам во соблекувалната и да зборувам на свој јазик тоа не можам да го правам кога камерите се вклучени. Мораме да се фокусираме на натпреварите и да не губиме време на други прашања“

https://youtu.be/CFIxowKge6s

Сега се огласи и Бакајоко.

„Неколку недели не зборував за медиумите, одлучив ништо да не зборувам и да работам. Но начинот на кој во медиумите се пренесува тоа што вчера се случи ме натера да реагирам. Не сакам да прифатам да ме сметаат за играч кој одбива да го направи тоа што тренерот го бара од него и за играч кој не го почитува клубот“.

„Кога бев на клупата бев 200% спремен да дадам се од себе, дури и да имам само пет минути за игра. Кога Лукас падна на тревата, претпоставував дека можеби ќе треба да влезам во игра. Се спремив и отидов да се загревам две-три минути. Тогаш ме повикаа да се вратам на клупата. Кога седнав на клупата после три минути тренерот ми се обрати со неочекувани зборови и јас само го повторив тоа што тој го кажа. Ништо повеќе. Така работите да бидат јасни – никогаш не одбив да влезам во игра. Имав една желба, а тоа е да играм и да им помогнам на соиграчите како што и вообичаено правам. Така и ќе продолжам до крајот на сезоната. Напред Милан“, напиша Бакајоко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…