Новак Ѓоковиќ го претрпе првиот пораз во новата сезона.
Подобар од Ѓоковиќ во четвртфиналето на Јунајтед купот во 93 минути игра беше Алекс Де Минор со 6:4, 6:4 со што Австралија поведе со 1:0 против Србија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Де Минор ова беше и реванш за поразот од Новак на минатогодишниот Австралија Опен.
Овој пораз за Ѓоковиќ е прв на тлото на Австралија по ели шест години, меѓутоа тој не загрижува толку како повредата на зглобот која го спречи да биде на највисоко ниво. Повредата Ѓоковиќ ја заработи во претходниот меч и беше прашање како ќе се носи со неа денека.
Можеби тоа не се забележуваше на самиот старт кога сигурно ги добиваше гемовите, но како што мечот одминуваше се забележуваше дека болките беа се посилни.