Австралијан опен се игра во јануари, односно за три месеци, а статусот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ сè уште е непознат.
Србинот се надева на враќање во Мелбурн и ќе се потруди да го освои 10. трофеј на првиот гренслем-турнир во сезоната, но сепак без виза не би можел да престојува во Австралија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Владата на Австралија му изрече тригодишна казна на Србинот со напомена дека истата би можела да биде прекината, по што пристигнаа реакции од некои политичари кои побараа на Ѓоковиќ да не му биде дозволен влез во државата затоа што така ќе им се удри шлаканица на луѓето што се вакцинирале.
„Ѓоковиќ е деветкратен шампион и сакаме да игра во Мелбурн, но одлуката не е моја, туку тоа мора да си го реши со државните органи“, кажа директорот на турнирот, Крег Тајли.