Денес како „бомба“ одекна веста дека менаџерот Мино раиола и таткото на Ерлинг Халанд пристигнаа во Барселона на преговори со претседателот на каталонскиот клуб.
Мино Раиола и Инге Халанд беа фотографирани како пристигнуваат во Баселона, а потоа беа на средба со претседателот на клубот, Жоан Лапорта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Лапорта го претставил новиот проект Барселона, па клубот од „Камп Ноу“ сега е сериозен кандидат за неговиот потпис.
Меѓутоа, Раиола тука не застана, па со приватен авион замина во Мадрид, заедно со таткото на фудбалерот, Унге Халанд.
Двајцата таму ќе имаат средба со Флорентино Перез, за да ја видат понудата и проектот кој ќе им го претстави Реал Мадрид.
Халанд е еден од најбараните европски фудбалери и интерес за него покажуваат многу европски гиганти, но сепак шпанските клубови се чини дека се фаворити за неговиот потпис.
Mino Raiola is now in Madrid to meet with Real Madrid representatives over a potential move for Erling Haaland. (Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/SWX3JnsIoQ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 1, 2021