Дома Фудбал Англија Се започна кога Гвардиола дојде во Сити…Џо Харт повеќе не е репрезентативец!

Се започна кога Гвардиола дојде во Сити…Џо Харт повеќе не е репрезентативец!

Mожеби и по малку очекувано.

Неговото име редовно се споменуваше околу дебатите за најдобар голман во Европа, секој го сместуваше во топ пет….


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кризите можеби започнаа и нешто претходно, но кога Пеп Гвардиола седна на клупата на Манчестер Сити кариерата на Џо Харт доживеа вртоглав пат. Прво Харт доби „шут карта“ од Итихад, а денес 31 годишниот голман го изгуби и статусот англиски репрезентативец.

Така барем тврдат сите островски медиуми кои наведуваат дека Харт нема да се најде на списокот на англискиот селектор Герет Саудгејт за Светското првенство.

Наводно, Саудгејт го повикал поранешниот голман на Манчестер Сити кој изминатата сезона ја помина во Вест Хем и лично му ја соопштил одлуката дека нема да биде помеѓу патниците на Мундијалот.

Во ноември Харт доби шанса во пријателски натпревар против Бразил кога го запиша 75 настап во националниот тим, но во март предност добија Џордан Пикфорд и Џек Бутланд, а како трет голман во Русија се очекува да биде повикан Ник Поуп од Барнли.

Интересно е што англиските медиуми наведуваат дека Саудгејт нема да ги повика ниту Гери Кејхил и Џермејн Дефо шо значи дека новата селекција на „Гордиот Албион“ нема да има ниту еден член во составот со повеќе од 50 натпревари во дресот на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…