Дома Останати Се е спремно за бокс-спектакл: Руиз со втора најголема тежина во историјата

Се е спремно за бокс-спектакл: Руиз со втора најголема тежина во историјата

Шест месеци откако Ентони Џошуа беше нокаутиран од Енди Руиз, утре ќе има шанса за реванш. Тој ќе сака да си ги врати загубените светски титули, но за тоа се прашува и Мексиканецот, кој направи едно од најголемите изненадувања во историјата на боксот.

Очекувањата пред неговиот реванш со Ентони Џошуа оваа сабота беа дека тој ќе биде во топ форма, но денешното мерење на двајцата покажа поинаку.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вагата покажа дека Руиз има 128,6 килограми, додека Џошуа е со најниска тежина во кариерата – 112,4 килограми. Интересно што оваа килажа е втора највисока во историјата за еден шампион во тешка категорија.

Англичанецот сака да си ги врати трите загубени титули во ИБФ, ВБА и ВБО верзиите и да се врати на победничките патеки по единствениот пораз во кариерата. Руиз во својата кариера исто така има само еден пораз и тоа од Џозеф Паркер, а има 33 победи од кои 22 со нокаут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …