Дома Фудбал Италија Се е спремно: Дибала потпишува до 2024 или 2025!

Се е спремно: Дибала потпишува до 2024 или 2025!

Како што се пишуваше и во претходните денови, Паоло Дибала ќе потпише нов договор со Јувентус.

Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Торино и преминување во Премиер лигата или ПСЖ, меѓутоа на крајот остана во Јувентус и не погреши. Дибала сезонава покажа дека заслужува да го носи дресот на „старата дама“ и сега клубот сака да го награди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува дека Аргентинецот е блиску до потпис на нов договор кој би требало да важи до 2024 или 2025 година.

Претходно „Газета дело Спорт“ пишуваше дека Дибала според новиот договор годишно ќе заработува 10 милиони евра и дека ќе ја добие капитенската лента откако Џорџо Киелини ќе се повлече.

Значи, сега изгледа се е само формалност и се очекува наскоро се да биде официјализирано.

Дибала сезонава игра одлично. За Јувентус одигра на 34 натпревари, постигна 13 голови и додаде 12 асистенции. Член на Јувентус Аргентинецот е од 2015 година, актуелниот договр му трае уште две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…