Дома Топ вести Се е договорено: Ливерпул добива одлично засилување од 43 милиони евра!

Се е договорено: Ливерпул добива одлично засилување од 43 милиони евра!

Многу брзо откако вчера се појави како можен следен трансфер на Ливерпул, денес има дополнување – Ливерпул го договори Диого Жота од Вулвс!

Од Островот утрово пристигнува вест дека Ливерпул завршил се и Жота за 43 милиони евра ќе биде нивно ново засилување по Тијаго Алкантара. Личните услови се договорени, засега е објавено само дека Жота ќе стави потпис на петгодишен договор, а клубовите постигнале договор за споменатата сума. Се чека само потписот и промоцијата, односно сликата со дресот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега триото Салах, Фирмино и Мане добива конкуренција и поддршка. Португалецот може да игра по страничните позиции во нападот и во шпицот. Претходно Ливерпул ја засили и конкуренцијата на левата бековска позиција кај Енди Робертсон, за таа позиција пристигна Гркот Костас Вимикас.

Додека Жота и Цимикас се свесни дека на „Енфилд“ доаѓаат да одговорат на барањата на Клоп кога тој ќе смета дека е потребно, Алкантара сигурно се очекува да биде дел од првиот тим. Без конкуренција 29 годишниот Шпанец е најкреативниот фудбалер на Ливерпул во средината.

Да се вратиме на Жота. Неговото доаѓање извесно најавува неколку излезни трансфери. За почеток може да замине Џердан Шаќири, а ќе видиме каде ќе одат Хари Вилсон и Рајан Брустер. Овие троцја тешко дека ќе имаат некоја минутажа во случај да останат.

Мора да се признае дека „црвените“ за 86 милиони евра успеаа да доведат две одлични засилувања (Жота и Алкантара).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…