После повеќе од два месеци вечерва се враќа Лигата на шампионите!
Кога кон средината на декември беа извлечени паровите беше јасно дека во осминафиналето ќе гледаме четири дерби натпревари, а две од тие четири дерби средби се играат денес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вечерва на програмата се натпреварите: Атлетико Мадрид – Ливерпул и Борусија Дортмунд – ПСЖ.
Од Ливерпул навикнати сме да гледаме напаѓачка игра, така ќе биде случај веројатно и вечерва, додека пак Симеоне би можел да одигра и некоја шаховска партија. Сепак, со оглед на моменталната форма Ливерпул е фаворит и покрај тоа што игра на гостински терен.
Натпреварот помеѓу Борусија и ПСЖ може да биде и натпревар со повеќе голови, двете екипи сакаат да играат напаѓачки фудбал за гол повеќе. Не треба да се заборави и дека Борусија ја има тинејџерската гол-машина Ерлинг Халанд, а тука е и одличниот Џадон Санчо.
Ќе потсетиме после вечерашните натпревари утре на програмата се натпреварите Аталанта – Валенсија и Тотенхем – Лајпциг.