Дома Фудбал Останато Се враќа „кошмарот“ за Марио Геце – Ново отсуство од терените!

Се враќа „кошмарот“ за Марио Геце – Ново отсуство од терените!

Толку проблеми со повредите, а има само 25 години…

Марио Геце нема среќа со повредите. Откако оваа година пропушти два натпревари поради повреда, сега доаѓаат нови лоши вести за клубот од Дортмунд. Имено, поради повреда на лигаментите на десниот зглоб, Геце ќе отсуства од терените најмалку шест недели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Навивачите на Борусија се загрижени поради новата повреда бидејќи сите се сеќаваат на минатата сезона кога поради метаболичко пореметување  Геце мораше да го пропушти целиот пролетен дел од сезоната. Претходно се мачеше со повреда на мускулот, а имаше и големи проблеми и во сезоната 2015/2016 кога во дресот на Баерн пропушти четири месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшен момент: Син на легендарен фудбалер по фрактура на вратот остана неподвижен да лежи на теренот (Видео)

Страшен момент го обележа натпреварот во Италија кога голманот остана неподвижен да лежи п…