Дома Македонски спорт Сејдини: На Пандев местото му е на терен, нека дава се од себе како и до сега

Сејдини: На Пандев местото му е на терен, нека дава се од себе како и до сега

Неколку дена по силните критики на капитенот Горан Пандев на неговите зборови реагираше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Во интервју за „Сител“ Сејдини зборуваше на неколку теми, а една од нив беше Горан Пандев и критиките кои ги упати капитенот пред одржувањето на собранието на кое тој беше реизбран и доби нов мандат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не би сакал да реагирам на фудбалер, никогаш не го правам тоа. Јас ги ценам сите фудбалери, го ценам и господинот Горан Пандев. Тој е еден добар фудбалер и местото се уште му е на терен, да дава се од себе, како што го правеше тоа и до сега, никогаш не се штедел кога доаѓал да игра за репрезентацијата и сигурно и во иднина ќе го прави истотот за македонскиот дрес. Нека не радува, не само нас како фудбалска федерација, туку и целата јавност во нашата држава“, изјави Сејдини.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Салах со промашување на кариерата🎥

Астон Вила и Ливерпул играат одличен натпревар, иако за „црвените“ нема резултатско значењ…