Кристијано Роналдо не беше во составот на Манчестер Јунајтед за дербито против Ливерпул поради смртта на неговиот штотуку роден син во понеделникот




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сопругата на Португалецот, Георгина Родригез се поради со близнаци, машко и женско, но преживеа само женското. Во вчерашниот натпревар навивачите на Ливерпул покажаа голема почит кон Роналдо во овие тешки моменти. Во седмата минута од натпреварот тие станаа и аплаудираа.




Освен тоа ја запеаа и химната на Ливерпул, познатата „You’ll never walk alone“. Со ваквиот гест сакаа да му порачаат на Роналдо дека се со него и неговото семејство во овие моменти. Денес стигна и благодарност од семејството на Португалецот и тоа од сестрата на Роналдо, Елма Авеиро.




„Му благодариме на Ливерпул. Нема никогаш да зборавиме што направивте денес“, напиша сестрата на Роналдо на социјалните мрежи.