Дома Фудбал Англија Сер Алекс „типува“ на Ливерпул

Сер Алекс „типува“ на Ливерпул

Најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон испрати многу пофални зборови за најголемиот ривал на „црвените ѓаволи“, екипата на Ливерпул.

Имено, Фергусон верува дека Ливерпул после 20 години е конкурентен во Премиер лигата и дека се едни од главните кандидати во борбата за титулата оваа сезона, најмногу поради Јирген Клоп.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Се случува и најголемите светски клубови да имаат очајна серија која понекогаш може да трае и две децении. Токму таков е и Ливерпул кој смени голем број на менаџери во тој период, но тие менаџери го немаа идентитетот на клубот. Јирген Клоп го има! Оваа сезона Ливерпул е сериозен кандидат за титулата во Премиер лигата“, смета Фергусон.

Ливерпул игра одлично оваа сезона и моментално го дели првото место на табелата заедно со Манчестер Сити и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус потпиша нов договор со својот капитен

Откако неодамна Јувентус ги обнови договорите со својата млада ѕвезда Кенан Јилдуз и трене…