Новата сезона во италијанската Серија А започнува на 19-ти семтември, а денес е познат и календарот за сезоната 2020/21.
Сезоната започнува со дерби на „Олимпико“ помеѓу Лацио и Аталанта. Шампионот Јувентус ја пречекува Сампдорија, додека Интер игра на гости кај новајлијата Беневенто. Милан на „Сан Сиро“ ја пречекува Болоња во првото коло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Големото градско дерби „Дела Мадонина“ помеѓу Милан и Интер е веќе во 4-то коло и ќе се игра на 18-то октомври.
Во третото коло се игра дербито помеѓу Наполи и Јувентус, а дербито помеѓу Интер и Јувентус е во претпоследното коло.