Екипата на Хјустон стигна до петта победа во низа откако вчера беше совладан Њу Орлеанс во еден од најинтересните натпревари во ноќната програма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хјустон успеа да слави 118:108 против тимот кој е најслаб на Западот. Кристијан Вуд и Ерик Гордон постигнаа по 23 поени, додека кај гостите Брендон игнграм уфрли 40 поени.
Продолжи победничката низа на Јута откако вчера на гости славеше кај Кливленд со 108:109. Така беше прекината добрата серија на Кливленд. Мичел беше најрасположен и мечот го заврши со 35 поени, 3 скока и 6 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Шарлот 127:130, Торонто – Вашингтон 102:90, Хјусотон – Њу Орлеанс 118:108, Кливленд – Јута 108:109