Дома Фудбал Сериозно засилување за „росонерите“: Во Милано пристигнува човекот кој го откри Килијан Мбапе?

Сериозно засилување за „росонерите“: Во Милано пристигнува човекот кој го откри Килијан Мбапе?

Денес во италијанските медиуми се појави информација дека Милан може да добие засилување од Монако.

Не се работи за засилување во играчкиот кадар, туку за искусниот скаут Жефри Монкада која се прослави со тоа што го откри еден од најголемите таленти во светскиот фудбал Килијан Мбапе.

Освен Мбапе, тој е еден од најзаслужните за квалитните фудбалери кои Монако во последните години му ги даде на европскиот фудбал.

Монако поминува низ тешки денови и доколку продолжат со ваквата игра ги чека тешка борба за опстанок, а заминувањето на човек како Монкада пред јануарскиот преоден рок секако не е добра вест за клубот од Кнежеството.

Италијанците се убедени дека негов нов клуб ќе биде Милан, а во наредните денови се очекува да пристигне и официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…