Дома Фудбал Сериозни проблеми за Симеоне: Пред Барселона повредени се четири стопери!

Сериозни проблеми за Симеоне: Пред Барселона повредени се четири стопери!

Мадритски Атлетико се најде во неверојатни проблеми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После повредата на Диего Годин во Атлетико настана вистински хаос на стоперските позиции и прашање е дали некој од четирите стопери ќе се опорави до натпреварот со Барселона кој се игра за 14 дена.

Годин иако повреден успеа да го заврши натпреварот против Атлетик Билбао, а во судиското продолжение и постигна гол за победа. Сепак, неговата повреда е сериозна и тој ќе мора да паузира најмалку три недели.

Хозе Хименез е повреден од претходно. Тој сигурно нема да биде спремен, а повреда на мускулот имаат уште Лукас Хернандез и Стефан Савиќ и нивниот настап е под голем знак прашалник.

Клубот засега не се огласил за нивното враќање на теренот. Меѓутоа прогнозите не се оптимистички и Симеоне би можел да се најде во сериозни проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…