Играчите за врска на Рома, Кевин Стротман и Диего Пероти, се повредија во текот на синоќешниот меч на нивниот тим против Ливерпул.
Рома гостуваше на „Енфилд“ во рамки на првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите, а во текот на таа средба се повредија Стротман и Пероти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега многу се мали шансите дека ќе играат против Киево во текот на викендот во Серија А, но далеку е поголема грижата кога е во прашање реваншот против Ливерпуул кој се игра веќе он средината на следната седмица.
Сите во Рома се надеваат дека овој тандем би бил подготвен бидејќи тренерот Еусебио Ди Франческо сигурно сериозно сметаше на нивните услуги пред реваншот.
За потсетување, Рома загуби синоќа на „Енфилд“ со 5:2, а токму Пероти беше стрелец на еден од двата погодоци за својот тим и тоа од белата точка.