40-годишната Серена Вилијамс ќе го пропушти Австралија Опен по советите на нејзиниот медицински тим.
За Американката ова е тешка одлука затоа што имаше желба да и гра во Австралија, сепак ќе мора да паузира уште некое време пред да се врати на терените.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Беше тешка одлука, но сепак физички не сум подготвена да настапам. По совет од моите доктори донесов одлука да го откажам настапот на Австралија Опен. Се надевам на брзо враќање“, изјави Серена.
Во кариерата Серена освои седум титули на Австралија Опен, а зад себе има тешка повреда поради која не игра уште од првото коло на Вимблдон.