Американската тенисерка Серена Вилијамс синоќа ја победи чешката тенисерка Каролина Плискова со 2:0, по сетови 6:4 и 6:3 и дојде меѓу четирите најдобри тенисерки на последниот Гренд слем оваа сезона.
Плискова имаше добро отварање на натпреварот. Направи брејк во третиот гејм и имаше предност од 3:1, а Серена подоцна спасува и три брејк топки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, во клучните моменти на првиот сет Вилијамс беше доминантна. Со два брејка по ред и сигурни сервиси доаѓа до освојување на првиот сет со 6:4 и водство со 1:0 во сетови.
Вториот сет беше лесна работа за Серена. Поведе со 4:0, потоа даде мала надеж на Плискова да може нешто да направи, но тоа не е и дозволи.
Вилијамс го доби и вториот сет со 6:3 и се пласираше во полуфиналето на УС Опен.