Дома Фудбал Англија Сензација? Позната судбината на Пол Погба

Сензација? Позната судбината на Пол Погба

Пол Погба сака да остане во Манчестер Јунајтед!? Најновите информации од Англија ја шокираа фудбалската јавност бидејќи беше извесно дека Французинот во јуни ќе го напушти Олд Трафорд и ќе премине во Реал или ќе се врати во Јувентус.

Но, медиумите од Островот тврдат дека Погба сега не само што сака да остане, туку бара да потпише и нов договор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Погба е воодушевен од играта на Јунајтед во последно време, а посебно од играта на Бруно Фернандес, кој се покажа како големо засилување за екипата. Французинот наводно им кажал на најблиските пријатели дека сигурно ќе остане во Јунајтед доколку клубот обезбеди пласман во ЛШ следната сезона.

Во клубот се спремни да ја продолжат соработката со Погба и да му ја зголемат платата од 300 на 400 илјади фунти доколку се согласи на нов четиригодишен договор. Сегашниот договор му е со важност до јуни 2022. година.

Погба оваа сезона одигра само седум натпревар во ПЛ, а причината за тоа се повредите кои го мачат од октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…